Интензивирање на поддршката на Украина во одбрана на својата посебност, идентитет, суверенитет и територијален интегритет, во продолжение на солидарноста со украинската заедница во Македонија и Декларацијата во Собранието усвоена на предлог на ЛДП, најави денес лидерот на ЛДП Горан Милевски на прес конфернецијата која ја организираа заедно со Кира Рудик, пратеничка во украинската Врховна Рада (парламент).

Украинската парламентарка, која е воедно и претседателка на либералната украинска партија Голос (Глас) упати апел за заштита на украинското небо.

– Се наоѓам ви Киев на 18-от ден од војната и ќе ве потсетам како беше првиот ден на воената инвазија од Кремљ, кога никој не веруваше дека Украина ќе биде доволно силна да ги издржи 24 или 48 часа нападите на најголемата армија во светот. Денес на 18тиот ден ниту еден од големите градови на Украина не е паднат и се бориме со сите сили. Се бориме и од земја и од воздух. На земја путиновата војска не може да успее бидејќи се соочува со нашата сила, а воздушниот напад им е поуспешен бидејќи имаме ограничени воздушни сили. Токму затоа постојано бараме да се заштити украинското небо, да се забранат секакви прелети на воздушни летала и да се заштитат цивилите, порача Рудик.

Таа појасни дека при копнената инвазија Путин мислел дека ќе се соочи само со украинската војска, но тие всушност се соочиле со секој Украинец кој ја штити земјата така што нападите всушност прераснаа во национална војна, додека пак од воздух Русија засега ги напаѓа големите градови како Киев и Мариупол, а од денес и градот Лавов близу полската граница.

– Сите се плашат од нуклеарен напад, повеќемина очекувајќи дека Путин ќе притисне некое црвено копче. Но, тоа не е негова цел ниту стратегија. Ние всушност се плашиме дека негова цел се нуклеарните централи како Запорожје и Чернобил, каде лесно може да дојде до нуклеарна хаварија. Сите треба да разберат дека ова не е војна меѓу Русија и Украина, ова е глобална војна која веќе е почната. Гледаме дека има опасност за целата планета од нуклеарни последици, санкциите веќе имаат последици врз светската економија, веќе има повеќе од два и пол милиони бегалци во Европа – овој конфликт не е локален и носи глобални ризици. Затоа бараме да се спречи оваа војна, да се спречи хуманитарна катастрофа за целотото човештво, додава Рудик.

Оттаму, вели Рудик, е важно оваа војна да не биде долготрајна. Потребна е помош Путин да престане да ги напаѓа градовите од воздух.

– Дури и во моментот нападот трае во околината на Киев, а веќе видовме како завршија опсадите на Мариупол, каде луѓето топеа снег за да добијат вода за пиење, немаат вода и храна. Од првиот ден со моите колеги се вооруживме и станавме членови на отпорот за да се бориме против нападот на својата териоторија. Се подговтуваме за оспада, правиме залихи на храна и вода. Ние ќе издржиме и ќе успееме во нашата цел да го одвратиме нападот. Сакаме успешна евакуација на цивилите, затоа и учествуваме во мировни разговори, но како што гледате руските сили пукаат директно на ваквите конвои. Путин не сака мир, тој веќе им се закани на Полска, Литванија по евентуалниот пад на Украина. Тоа е неговиот план! Единствена армија која му застана на патот е Украинската армија, порачува таа.

Рудик вели дека тие се благодарни на целата помош што ја добиле досега од сојузниците и од другите држави, но она што им треба во моментот е зона за забранети летови за да претане бомбардирањето на украинските градови и заштита на бегалците.

Ако можете да се придружите во нашата борба, добредојдени сте, 16.000 војници веќе дојдоа. Прекинета ја економската размена со Русија. Помогнете им на бегалците од војната и секако потребна ни е и финасиска помош за да ја продолжиме борбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.