Романците во Германија се преправале дека се украински бегалци со цел да добијат пари за социјална помош и станови во земјата.
Според локалните медиуми, измамниците биле идентификувани од волонтери кои сфатиле дека овие луѓе, коишто се пријавиле дека им е потребна помош, не зборуваат украински.
Во текот на истрагата, се покажало дека само во југозападниот дел на Германија живеат повеќе од 1.300 луѓе кои се преправаат дека се државјани на Украина побегнати од војната, од кои многу се Романци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.