Соединетите Американски Држави побараа помош од Јапонија за брзо надополнување на залихите на проектили, со оглед на војните на Блискиот Исток и во Украина. Во барањето се додава дека Вашингтон сака да го зачува кредибилитетот на својата моќ за одвраќање во индо-пацифичкиот регион.
Американската воено-индустриска база не може да одговори на сите стратешки предизвици и сите обврски што ги имаме“, изјави американскиот амбасадор во Јапонија, Рам Емануел.
Претходно, САД и Јапонија ја имаа својата прва средба на тема забрзување на воено-индустриската соработка, два месеца откако американскиот претседател Џо Бајден и јапонскиот премиер Фумио Кишида потпишаа договор за ова прашање.
Целта овде не е да има повеќе состаноци. Целта е производството. Оние кои сакаат да им наштетат на САД нема да чекаат да се изградат нашите индустриски капацитети“, изјави Емануел.
Амбасадорот изјави дека кинескиот капацитет за изградба на воени бродови ќе го надмине американскиот капацитет и оцени дека поправката на американските бродови и воени авиони во Јапонија може да го ослободи американскиот индустриски капацитет и да им овозможи да се посветат на изградба на нови бродови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.