Во западната јавност многупати се случуваше да се објави информација дека на разни сајтови на илегалните онлајн продавници шитум светот, може да се видат на продажба примероци оид западното оружје доставено на Украина, особено мобилни ракетни системи, како џавелин, и НЛОУ, како и други видови оружје на армиите на НАТО.
Сепак, последниот таков случај е навистина уникатен, со оглед на тоа што станува збор за ценетото минијатурно нано беспилотно летало „Блек хорнет“ (Black Hornet), кое се појави на продажба во сирискиот Идлиб.
На огласот може да се види дека продавачот по име Борз Ал Шишани бара само 5.000 долари за ова чудо на западната воена техника. Тоа е дури 39 пати помалку отколку што американската компанија „Teledyne FLIR“ бара да и платат за да испорача вакви дронови на Украина.
Според западните медиуми, сирискиот трговец го купил дронот преку ланец за препродажба за многу смешна сума, што му овозможува да го понуди на црниот пазар за многу пониска цена од тоа што го наплаќаат големите компании за производство и трговија со оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.