Од почетокот на војната во Украина, западните земји, пред се САД и Велика Британија, станаа најголеми снабдувачи на Киев со модерно оружје и воена техника. Пред се, како многу ефикасни и потребни беа спомнувани мобилните противтенковски системи од Британија „ЕнЛоу“ и американските „Џавелин“, кои ги нарекуваа и „убијци на тенкови“.

Сепак, по првичните извештаи за успехот на овие оружја на фронтот, во последно време се почести се извештаите за вакви системи запленети од руските сили, а сега западното оружје испорачано на Украина се појави и на црниот пазар.

Иако, уште пред извесно време западни експерти предупредуваа дека е невозможно да се следи што се слушува големото количество оружје што завршува во Украина и дека постои опасност тоа да заврши на межународниот црн пазар, западни официјални лица тврдеа дека тоа е „пропаганда“ и дека никогаш нема да се случи.

Сепак, на интернет на „црата мрежа“ се појави оглас на кој се се продават противтенковски ракети „Џавелин“. Во огласот се наведува дека цената изнесува 30.000 долари, а локацијата од каде доаѓа понудата е главниот град на Украина, Киев.

Во описот на огласот, продавачот дава кратки генерали за самиот противтенковски систем, со приложени три фотографии. Тој наведува дека се работи за противоклопен систем со дострел од 2,5 километри, кој е дизајниран да се бори со противоклопни возила како тенкови и лесни оклопни возила. Оружјето е наменето и за уништување на други цели како што се утврдувања, бункери и хеликоптери.

 

Со оглед на постоењето на голем број терористички групи во светот, ваквиот оглас покажува дека војната во Украина и приливот на големи количини оружје од Запад е реална опасност голем број парчиња мобилно и убоито оружје да заврши на Блискиот Исток, со оглед на зголемената побарувачка во Сирија, Ирак, Иран…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.