Кина изминатите денови бележи најголем број на денвни случаи на заболени од ковид-19 од почетокот на пандемијата и покрај строгите мерки што ги преземаат властите на земјата за искоренување на вирусот.

Голем број на новозаразени се регистрирани во неколку големи градови во Кина, меѓу кои се и главниот град на земјата, Пекинг и во Гуангжу на југот на земјата, кој е еден од најголемите економски центри на Кина, пишува Би-би-си.

Вчера, во земјата се забележани 31.527 случаи, повеќе од бројот на заразени за време на пикот во април, кога во еден ден беа регистрирани 28.000 случаи.

Политиката на Кина за нулта – ковид спаси голем број животи во земјата со 1,4 милијарди луѓе, но и нанесе сериозен удар врз економијата и животите на обичните луѓе.

Сепак, зголемениот бран на случаи доаѓа неколку недели откако земјата повлече дел од ограничувањата за ковид 19.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.