Унгарија го забележа првиот случај на мајмунски сипаници, изјави денеска за МТИ главниот здравствен инспектор во земјата, Сесилија Милер.

Станува збор за маж на возраст од 38 години, а здравствените власти сè уште не утврдиле дали тој во последно време патувал во странство, изјави Милер, пренесува Ројтерс.

Норвешка го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје (FHI).

Заразеното лице неодамна дошло од странство и случајот е поврзан со жариштето што избувна во Европа, додава FHI, пренесува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.