Околу 1.200 мигранти се обиделе да ја прескокнат високата ограда што ја штити шпанската африканска енклава Мелила на северниот брег на Мароко.
Локалните власти наведуваат дека околу 350 од нив успеале да влезат во шпанскиот град.
Околу шест часот командата на Цивилната гарда видела група од околу 1.200 мигранти како се приближуваат до оградата. Кога ги заобиколиле мароканските безбедносни сили, мигрантите почнале да ја прескокнуваат оградата, да фрлаат камења и да употребуваат стапови против безбедносните сили – се вели во соопштението од префектурата Мелила.
Во соопштението се додава дека околу 350 мигранти успеале да ја прескокнат оградата и на тој начин да ја поминат границата.
Мелила и Сеута се две шпански енклави во Мароко. Секоја година илјадници луѓе се обидуваат да ја прескокнат заштитната ограда на границата и на тој начин да дојдат на шпанско тло, односно официјално да влезат во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.