Речиси три четвртини од Германците се незадоволни од работата на владејачката коалиција предводена од Социјалдемократската партија и канцеларот Олаф Шолц, покажува анкетата на Институтот „ЈуГов“, чии резултати ги објавува ДПА.
Од работата на „Семафор коалицијата“, што ја сочинуваат СДП, Зелените и либералната ФДП, задоволни се само 23 отсто анкетирани Германци, покажуваат резултатите од анкетата.
Повеќе од две третини од речиси 1.300 испитаници изјавиле дека не веруваат оти Шолц може да ги реши најгорливите проблеми на земјата, вклучувајќи го слабиот економски раст, високата инфлација и намалувањето на деловната доверба, а само 18 отсто од нив очекуваат сегашната владејачка коалиција да го повори успехот од последните избори и да победи на изборите во 2025 година.
Како што беше случај пред еден век, економските тешкотии се покажаа како плодна почва за популизам, при што поддршката за германската екстремно десничарска AфД во последните месеци се зголеми на рекордно ниво, што ја турка уште подалеку во популарноста пред левичарскиот социјалдемократски центар на Шолц, проценува „Блумберг“.
Американската агенција соопшти дека германската економија, долгогодишниот мотор на растот во Европа, е во опаѓање неколку квартали по ред, а довербата во деловните можности повторно опадна во август, иако економијата успеа да излезе од рецесија во вториот квартал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.