Членот на украинскиот преговарачки тим, Михаил Подолјак, се обрати по говорот на рускиот претседател Владимир Путин на воената парада по повод Денот на победата во Москва.
Подољак му порача на Путин дека земјите од НАТО не сакаат да ја нападнат Русија.
Украина не планираше да го нападне Крим. Руските војници умираат, не ја бранат својата земја, туку се обидуваат да окупираат друга. Од почетокот на војната, немаше други рационални причини за нејзино почнување, освен болните империјалистички амбиции на Руска Федерација – напиша Подолјак на твитер.
Претходно Путин се обрати пред многубројната публика на воената парада.
Наша должност е да го зачуваме споменот на оние за кои победивме и да не ја повториме глобалната војна. Во претходните години се обидовме да ги одржиме мировните договори, но тие не сакаа да не слушаат. Тие имаа сосема поинаков план. Сега го гледаме тоа. Тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го доби најмодерното оружје. Одлуката за специјална воена операција беше единствената правилна – порача Путин во обраќањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.