Последните бројки покажуваат подем на бројот на заразени и на хоспитализирани поради Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.
Повторно расте бројот на заразени од Ковид-19 во Белгија, па така во периодот меѓу 17. и 23 септември во просек се заразени 2.232 лица, односно зголемување од 21 отсто во споредба со претходната недела.
Стапката на позитивни тестови изнесува речиси 20 отсто, а стапката на репродукција на вирусот изнесува 1,236. Кога стапката на репродукција е поголема од 1, тоа значи дека вирусот забрзано се шири.
Институтот за јавно здравје на Белгија предупреди дека треба да се очекува нов бран во средината на октомври.
Зголемен е и бројот на пациенти во болниците за 41 отсто во споредба со претходната недела, како и бројот на хоспитализирани на интензивна нега, за 14 отсто.
Само бројот на починати се намалува и тоа за 61 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.