Цените на плинот во Европа за време на тргувањето денеска се искачија над 960 долари за илјада кубни метри, за првпат од 14 февруари, покажуваат податоците на лондонската берза ИЦЕ.
Цената на мартовските фјучерси во центарот ТТФ во Холандија се искачи на 960,6 долари за 1.000 кубни метри, или 82 евра за мегават-час.
Вкупното поскапување на плинот од почетокот на денот изнесува околу 2,8 отсто.
Аналитичарите потсетуваат дека вчера германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ја прекинува сертификацијата на гасоводот „Северен поток 2“. Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така рече дека „проектот ‘Северен поток 2’ е замрзнат“.
Цените на нафтата се стабилизираа на меѓународните пазари над 97 долари, поради загриженоста за снабдувањето по признавањето од страна на Русија на двата источни украински региони контролирани од проруските сепаратисти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.