Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) спречи терористички акт на Крим со апсење на шест лица кои планирале да ја кренат тамошната православна црква во воздух.

ФСБ во средата објави дека привела шестмина руски државјани кои се поддржувачи на украинската екстремистичка организација „Десен сектор“.

Според ФСБ, а пренесено од вестите на Спутник, шестмина од нив „се подготвувале да активираат импровизирана експлозивна направа во една од православните цркви во регионот со цел да го заплашат населението“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.