Полицијата во италијанскиот град Бреша пронашла распарчено тело на порно ѕвезда фрлено во канти за ѓубре покрај патот.
Карол Малтези (26), која работела под уметничкото име Шарлот Енџи, глумела во голем број еротски филмови и имала свој профил на страницата за возрасни „ОнлиФанс“. Таа имаше едно дете.
Последен пат била видена жива во јануари во близина на нејзиниот дом во Рескалдина во близина на Милано, Италија. Нејзиниот сосед, кулинарски блогер Давиде Фонтана (43) бил приведен на испрашување.
Полицијата го пронашла нејзиното распарчено тело во неколку вреќи за ѓубре во Борно кај Бреша. Се верува дека остатоците биле чувани во замрзнувач пред да бидат фрлени покрај патот, бидејќи почнале да се топат на топлото пролетно сонце.
Детективите успеале да ја идентификуваат благодарение на шест од 12-те карактеристични тетоважи што ги имала на нејзиното тело.
Полицијата го уапсила Фонтана откако сообраќајните камери го снимиле неговиот автомобил во областа Борно, а Фонтана отишол во локалната полициска станица нудејќи „информации“ кои биле толку неубедливи што предизвикале сомнеж.
Карол, која имала шестгодишна ќерка, се насочила кон работата за возрасни за време на изолацијата поради пандемијата за да врзе крај со крај и наводно заработувала и до 10.000 фунти месечно.
На почетокот на месецов Керол требаше да учествува на еротскиот фестивал во Милано, но таа не се појави.
Таа почнала врска со нејзиниот сосед Фонтана на почетокот на годинава, но се зборува дека двајцата раскинале. Фонтана на полицијата и признал дека ја убил по расправија и и го запалил лицето за да го скрие идентитетот пред да го распарчи нејзиното тело и да го сокрие во вреќи за ѓубре во замрзнувачот.
Откако ја убил, Фонтана продолжил да го користи нејзиниот телефон и и праќал пораки на нејзината мајка во кои зборувал дека „ја оставила порнографија“, но дека била премногу зафатена да објасни зошто.
Тој дури им одговорал на загрижените обожаватели кои ги препознавале тетоважите од фотографиите објавени во медиумите, испраќајќи им пораки во кои се преправал дека е Керол и велејќи „Да, тетоважите изгледаат како мои, но добро сум“.
Фонтана на полицајците им кажал дека ја убил со чекан после секс затоа што се расправале.
На почетокот на оваа година, Карол на Интернет објави видео во кое зборува против насилството врз жените, велејќи дека „не се работи само за физичко, туку и за психичко насилство“.
Обвинителката Лорена Џибаудо изјави дека осомничениот го признал делото откако бил соочен со докази.
Го користеше нејзиниот телефон, па дури и ѝ плаќаше кирија за да изгледа дека е сè уште жива, но во реалноста ја убил и и го распарчил телото – изјави Џибаудо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.