Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека САД ја користат Украина за поставување воена база на нејзина територија, додавајќи дека доколку тој бил на местото на рускиот претседател Владимир Путин, „одамна ќе ја окупирал Украина“.
Кадиров изјави дека најблизок сосед на Русија е Украина и дека се работи за словенските народи, пренесува РИА Новости.
Според Кадиров, Америка не и прави ништо добро на Украина, но и треба држава во која ќе ја постави својата база.
Ако има луѓе во Украина, тие мора да се спротивстават, а ако ги нема во Украина, тогаш Русија мора да преземе мерки, рече Кадиров.
Тој додаде дека доколку тој би бил претседател, одамна ќе ја окупирал Украина, ќе испрати војници и ќе воспостави ред.
Ако Америка или некој мисли дека е можно да се уништи Русија или да се окупира или да се фрли нашата земја на колена, тоа никогаш нема да се случи, нагласи Кадиров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.