Вработен во унгарска компанија по грешка примил плата од 92.549 евра наместо форинти, па добил 367 пати повеќе пари отколку што му следувале.

Мажот кому компанијата му ја прекинала работата пред истекот на пробниот период ѝ дал на компанијата сметка во австриска банка за да ја исплати преостанатата плата.

Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела.

Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот.

Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриска банка.

Во исто време, тој подигнал околу 15.000 евра од банкомат во градот Капошвар во југозападна Унгарија.

Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да ѝ го врати вишокот на компанијата, обвинителството во Капошвар поднесе обвинителен акт против него.

Тој бил обвинет за незаконско присвојување средства, објави во средата обвинителството.

Австриските власти успеале да ѝ вратат поголем дел од парите на оштетената компанија.

Обвинителството во Капошвар бара парична казна и отштета за преостанатата штета на компанијат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.