Рускиот претседател Владимир Путин денеска го спореди отстранувањето на руските уметници од културните програми во некои западни земји со палењето книги од страна на нацистите.
– Последниот пат нацистите во Германија, пред речиси 90 години, водеа таква кампања за уништување на една непожелна култура. Добро се сеќаваме на сликите од запалени книги на јавни места, истакна Путин на средба со културните работници.
Тој нагласи дека Западот се обидува да ја уништи руската култура со откажување на делата на големите композитори Пјотр Илич Чајковски, Дмитриј Шостакович и Сергеј Рахмањинов, бранејќи ги руските писатели и нивните книги.
– Денес тие сакаат да ја поништат целата милениумска култура, нашиот народ, додаде Путин на средбата.
Путин и другите руски функционери често ја споредуваат нацистичка Германија и денешниот Запад, кој го обвинуваат дека води русофобна кампања, во изминатиот месец од почетокот на руската инвазија на Украина.
Руската инвазија доведе до бран на меѓународна солидарност со Украина, што ги надминува политичките и економските санкции.
Така, големите спортски федерации и важните културни места ги исклучија руските спортисти и уметници, а руските гости се отстранети од програмата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.