Рускиот претседател Владимир Путин за утре закажа состанок на Советот за безбедност, на кој учествуваат клучни министри, политичари и претставници на војската и безбедносните служби, соопшти денеска Кремљ.

– Средбата на Путин со постојаните членки на Советот за безбедност е закажана за утре, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Седницата ќе се одржи два дена по експлозијата што го оштети мостот на Крим, клучната инфраструктура што ја поврзува Русија со анектираниот полуостров на Црното Море.

Руските власти ја припишуваат експлозијата, во која загинаа три лица во саботата наутро, на експлозијата на камион-бомба во сопственост на жители на руската област Краснодар.

Русија не ја обвини Украина за нападот, а украинските власти не презедоа одговорност.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.