Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, наводно, во име на рускиот претседател, Владимир Путин, понудил награда од половина милион долари за оној што ќе му ја донесе главата или друг доказ дека го убил командантот на украинскиот националистички баталјон „Азов“, Денис Прокопенко.
Токму припадниците на овој баталјон, кој е еден од најелитните единици во украинската војска, се распоредени во Мариупол и се голема причина за жестоките борби со руските сили, кои со денови не можат да го освојат градот.
Станува збор за контроверзна воена единица која многумина сè уште ја сметаат за неонацистичка единица поради поранешниот отворен флерт со хералдиката на СС единиците на нацистичка Германија и собирањето на бројни странски доброволци со екстремно десничарска наклонетост (инструкторите на НАТО одбија да ги обучуваат додека не се оградата од повикувањето на нацистичка идеологија).
Сепак, Украина тврди дека денес овој баталјон е нешто поинаков отколку што беше на почетокот: тие се прилично модерна и многу мобилна украинска единица за специјални намени. Освен пешадија, оклопни, артилериски и ракетни фрлачи, тие неодамна наводно имале и воздушни, па дури и нуркачки ударни групи.
Првиот командант и основач на баталјон „Азов“ беше екстремно десничарскиот украински политичар Андиј Билецки. Откако тој беше избран во парламентот – Врховната рада, на чело на „Азов“ беа Игор Михајленко и Максим Жорин, за командата над „Азов“ да ја преземе Денис Прокопенко, кој веќе пет години е на чело на единицата.
Пред три години, по повод годишнината од настаните на Мајдан, Прокопенко го привлече вниманието на јавноста кога одби да го отпоздрави новоизбраниот претседател, Володимир Зеленски при примањето на медалите.
Многумина ова го протолкуваа како гест на непријателство, па дури и прикриен антисемитизам 9Зеленски е Евреин), но лидерот на „Азов“ подоцна објасни дека едноставно не им отпоздравува на цивили.
Прокопенко е поранешен предводник на навивачите на Динамо Киев, а некои велат и класичен фудбалски хулиган. Неговиот прв ангажман бил учество во настаните околу Мајдан, а подоцна и во борбите против проруските бунтовници во Донбас и во источните региони.
Кога Русија ја почна воената акција во Украина, Прокопенко и „Азов“ одлучија да се стационираат во Мариупол, градот на брегот на Азовското Море, по што е и именувана нивната единица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.