Пред неговата смрт, Евгениј Пригожин важеше за еден од најблиските луѓе на рускиот претседател, Владимир Путин.

Сега веќе починатиот водач на групата „Вагнер“ на почетокот на деведесеттите развивал бизнис со храна и угостителство. Тој во 1997 година отворил ресторан во Сант Петерзбург кој го нарекол „New Island“. Тоа бил еден од најлуксузните ресторани во тоа време во Русија, а Путин често ги носел високите гости таму на вечера.

Според пишувањето на медиумите, во една прилика во овој ресторан, Путин дошол и со поранешниот претседател на Франција Жак Ширак.

Подоцна Пригожин станал и главен добавувач на храна во Кремљ, како и еден од најдобрите пријатели на Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.