Рускиот претседател Владимир Путин денеска кажа дека украинските националисти продолжуваат да го попречуваат повлекувањето на цивилите од конфликтните зони, соопшти прес-службата на Кремљ, по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди.
Владимир Путин го информираше премиерот на Индија дека, имајќи ја предвид влошената хуманитарна ситуација, руските вооружени сили денеска прогласија примирје и отворање на хуманитарни коридори, се наведува во соопштението од Кремљ.
Прес-службата на рускиот претседател додаде дека во исто време, „националистичките групи продолжуваат да го попречуваат повлекувањето на цивилите, вклучително и странските државјани, од конфликтните зони, користејќи сила и прибегнувајќи кон различни форми на провокација”.
Путин, исто така, на Моди му кажа дека рускиот воен персонал прави се за да ги евакуира индиските граѓани од градот Суми.
Индиските студенти, држени од радикалите во Харков, успеаја да го напуштат градот како резултат на силниот меѓународен притисок врз властите во Киев. Рускиот воен персонал на секој начин се обидува да ги евакуира индиските граѓани од Суми, додаде Кремљ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.