Динамиката на специјалната операција во Украина е позитивна, сѐ се развива во рамките на планот на Министерството за одбрана и Генералштабот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју со новинарот Павло Зарубин во Кремљ.

Сè се одвива во рамките на планот на Министерството за одбрана и Генералштабот. Се надевам дека нашите борци ќе нѐ израдуваат повеќе од еднаш со резултатите од борбената дејност, рече рускиот лидер. Тие го чекаат своето време, додаде тој.

Претходно денеска, Министерството за одбрана соопшти дека на 14 јануари руските трупи извршиле ракетен напад врз воениот систем за команда и контрола на Украина и сродните енергетски објекти. Како што истакнаа од министерството, погодени се сите предвидени објекти, а целите се постигнати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.