Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телевизиско интервју ѝ се закани на новата членка на НАТО – Финска дека ќе има неодредени „проблеми“: „Порано немаше проблеми, но сега ќе има“, рече Путин во телевизиско интервју.
„Русија ќе го зајакне Ленинградскиот воен округ околу Санкт Петербург и таму ќе стационира одредени воени единици“ рече Путин.
Коментирајќи за влезот на Финска во НАТО, рече:
„Што им требаше?“.
Финска одлучи да аплицира за членство во НАТО откако Русија започна инвазија на Украина во февруари 2022 година. Шведска исто така поднесе барање за приклучување, но сè уште не доби единствена поддршка од сите земји на НАТО, бидејќи Турција сè уште не дала зелено светло.
САД неодамна склучија договор со Шведска за користење на шведските воени капацитети. Сличен договор треба да биде потпишан и со Финска во понеделник. Американско-финскиот договор ќе му овозможи на Вашингтон воен пристап до 15 фински бази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.