Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Владимир Путин направил огромна грешка со повлекувањето од важниот договор за жито. Зборувајќи пред новинарите во Брисел, Макрон рече дека со учеството во договорот Русија презела огромна одговорност кон многу земји.

Африканските земји, Блискиот Исток, дури и азиските земји се многу зависни од овој договор. За оние кои сè уште се сомневаа во искреноста и посветеноста на Путин за општото добро, одговорот е многу јасен – тој одлучи да ја претвори храната во оружје, рече Макрон и додаде дека тоа е огромна грешка.

Макрон истакна дека Франција има одговорност да го олесни извозот на жито и ѓубрива како дел од земјоделската иницијатива што ја започна минатата година за поддршка на земјите кои се борат со проблеми со безбедноста на храната, пишува Си-ен-ен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.