Рускиот претседател Владимир Путин и покрај најавите на украинските медиуми за подготовка на посета на Доњецк, не ја напушти Москва.

Шефот на руската држава присуствуваше на божиќната богослужба во катедралата Благовештение во Кремљ, јавуваат светските медиуми.

Руски и украински аналитичари забележаа дека на видеото од службата, Путин стои сам со свештеникот.

Анатолиј Шари, аналитичар близок до украинските безбедносни служби, вели дека вакво нешто досега не се случило, освен за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Сепак, рускиот аналитичар Дмитриј Борисенко гледа политички сигнал во рамките на церемонијата:

Чекаме целосна промена на елитите. Оваа средина е многу јасен знак за она што следува, оценува тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.