За време на специјалната воена операција, руските војници и команданти се борат против директните следбеници на нацизмот, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој го кажа ова во порака до руските Евреи и до сите што го слават Денот на спасението и ослободувањето.
И ние и идните генерации треба свето да ја чуваме историската вистина за Втората светска војна, да бидеме свесни за погубните последици од секоја толеранција на национализмот, антисемитизмот, ксенофобијата. За време на специјална воена операција, нашите борци и команданти денес се борат со директни следбеници на нацизмот – рече Путин, а објавено е на веб-страницата на Кремљ.
Тој додаде дека овој датум зазема посебно место во еврејскиот верски календар и служи за зачувување на сеќавањето на подвигот на војниците на Црвената армија и сојузничките војски во антихитлеровската коалиција, што ги спаси еврејските и другите народи од нацизмот.
Празникот Денот на спасението и ослободувањето, всушност, е Денот на еврејската победа, трогателен празник, кој се слави во чест на победата на 9 мај 1945 година. Празникот е утврден пред една деценија, но се слави во еврејските заедници во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.