Владимир Путин изјави дека странски доброволци се добредојдени да помогнат во борбата против украинските сили.

Ја поддржувам таа идеја. Секој кој сака да волонтира во редовите на руските вооружени сили треба да добие дозвола – кажа Путин на состанокот на рускиот безбедносен совет.

Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, 16.000 доброволци од Блиски Исток биле подготвени да се вклучат во руските вооружени сили.

Путин исто така го одобри предавањето на заробените американски проектили „стингер“ и „џавелин“ на проруските борци во отцепените региони Доњецк и Луганск.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.