Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до белорускиот колега Александар Лукашенко по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, во кое ја потенцира важноста од координација на напорите на меѓународната сцена и зајакнување на одбранбените потенцијали на Москва и на Минск.
Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.
Сигурен сум дека најдобар одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области, истакна Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.