Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на Индонезија да учествува на самитот Г-20, но форматот на учество сè уште се разјаснува, изјави советникот на Путин, Јуриј Ушаков, цитиран од Тасс.

Да, потврдивме дека нашето учество е планирано– изјави Ушаков.

Тој, сепак, не можеше да одговори на прашањето дали рускиот претседател ќе учествува лично или преку видео врска.

Не знам, засега е поканет за лично да учествува, но има уште многу време, се надевам дека пандемијата ќе дозволи овој важен форум да се одржи лично, но едноставно се плашам да нагаѓам – кажа советникот на Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.