Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за построги мерки за заштита на мостот на Крим, соопшти Кремљ.

„Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот „За посилни мерки за заштита на транспортот преку теснецот Керчен, енергетскиот мост Руска Федерација-Полуостровот Крим и магистралниот гасовод Краснодарска област-Крим за време на нивната работа“, се вели во соопштението.

Како што е наведено, со координацијата на мерките ќе се занимава Федералната служба за безбедност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.