Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се овозможува на Русите со двојно државјанство да служат во вооружените сили на земјата, пишува Москоу Тајмс.

Изменетата регулатива сега значи дека оние кои имаат статус на постојан престој во странство може да бидат регрутирани во армијата.

Граѓаните со двојно државјанство претходно беа ослободени од служење воен рок.

Во септември Путин нареди делумна мобилизација во Русија откако земјата се соочи со воени неуспеси во Украина и рече дека се потребни поголем број војници за да се добие војната не само против Украина, туку и против нејзините западни поддржувачи.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања. Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.