Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша закон со кој се казнува поистоветувањето на улогата на Советскиот Сојуз и нацистичка Германија за време на Втората светска војна.
Како што е предвидено со закон, казните ќе изнесуваат 5.000 рубљи (60 долари) за физички лица или 100.000 рубљи (1.200 долари) за правни лица, пренесува Спутник.
Во случај на повторување на повредата, за граѓаните е предвидена парична казна од 2.500 до 5.000 рубљи или административен притвор од 15 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.