Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е отворена за дијалог за „обезбедување стратешка стабилност, зачувување на режимот за неширење на оружје за масовно уништување и подобрување на ситуацијата во областа на контролата на оружјето.

И покрај руската инвазија на Украина, и Москва и Вашингтон ја истакнаа важноста од продолжување на комуникацијата за прашањето за нуклеарното оружје. Двете земји се убедливо најголемите нуклеарни сили во светот со вкупно околу 11.000 нуклеарни боеви глави.

Во обраќањето на правен форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека дијалогот ќе бара „напорна заедничка работа“ и ќе има за цел да спречи повторување на „она што денес се случува во Донбас“.

Тој повтори дека Русија започнала инвазија на Украина за „да ги заштити етничките Руси и луѓето што зборуваат руски во источниот регион на Донбас од прогонот од Киев“ и ја обвини Украина за „злосторства против човештвото“.

Украина и Западот велат дека руската инвазија на нејзиниот сосед е неиспровоциран акт на агресија, чија цел е окупација на украинска територија и соборување на претседателот Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.