На средба во Санкт Петербург помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан се разговараше за билатералните односи, како и за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах.

Неодамна имавме состанок на меѓувладината комисија, колегите забележаа дека ситуацијата во нашата економија се развива многу позитивно. За 10 месеци од оваа година, трговскиот промет е зголемен за 73 проценти, што е добар резултат – истакна Путин.

Тој наведе и дека Пашинјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев вчера разговарале за решавање на ситуацијата во Нагорно Карабах за време на неформалниот состанок на шефовите на држави на Заедницата на независни држави (ЗНД).

Почнавме да разговараме вчера и, се разбира, главното прашање е решавањето на ситуацијата во Јужен Кавказ во целост и ерменско-азербејџанските односи, сè што е поврзано со Карабах – посочи Путин.

На 26 и 27 декември во Санкт Петербург се одржува неформален состанок на шефови на држави на Заедницата на независни држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.