Рускиот претседател Владимир Путин утрово одржа состанок во седиштето на руските вооружени сили во градот Ростов на Дон.

Претседателот (на Русија) ги слушаше извештаите на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов, команданти на некои области и други високи офицери на групата, соопшти Кремљ, пренесе агенцијата ТАСС.

Путин до Штабот дошол со автомобил, а го пречекал Герасимов.

Извештај за ситуацијата на фронтот поднесе заменик началникот на Генералштабот Сергеј Рудској, пренесе ТАСС.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.