Русија ќе биде подготвена да испорача бесплатно жито во некои од најсиромашните земји во Африка за 3-4 месеци, рече Владимир Путин.

Рускиот претседател ова го изјави за време на руско-африканскиот самит што се одржа во Санкт Петербург.

Буркина Фасо, Зимбабве, Мали, Сомалија, Централноафриканската Република и Еритреја ќе добијат по 25-50 илјади тони жито, рече рускиот лидер.

Москва исто така ќе ги сноси и трошоците за испорака, додаде Путин, пренесува RT на англиски јазик.

Соопштението уследи една недела откако официјална Москва се повлече од Црноморскиот договор за жито, договор што овозможи украинското жито да се извезува со комерцијални бродови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.