Армискиот генерал Сергеј Суровикин е назначен за командант на комбинираните воени групации во зоната на специјални воени операции во Украина, соопшти денеска руското Министерство за одбрана преку Телеграм.
Суровикин (55) е ветеран од граѓанската војна во Таџикистан во 1990-тите, војната во Чеченија во 2000-тите и руската интервенција во Сирија започната во 2015 година, а според извештајот на министерството од 24 јуни, Суровикин командуваше со Јужната група руски трупи во „зоната за специјална операција“ во Украина.
Суровикин бил назначен за командант на руските воздушни сили во ноември 2017 година, а претходно, од октомври 2013 година, тој командувал со трупите на Источниот воен округ.
Одлуката за назначување на новиот командат доаѓа само неколку часа по експлозијата која делумно го уништи Кримскиот мост, клучна инфраструктура за снабдување на полуостровот што Москва го анектираше во 2014 година, како и за снабдување на руските сили во Украина.
Како што пренесуваат странските агенции, Москва ја објави одлуката за назначување нов командант, по серијата порази на руската армија во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.