Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на Владата до февруари да организира во кината прикажување на „документарни филмови за офанзивата на руската армија во Украина“.

На Министерството за култура е да достави предлози и да се гарантира прикажување на национални документарни филмови во кината на теми поврзани со специјалната воена операција и сузбивањето на ширењето на неонацистичката и неофашистичката идеологија, се вели во пораката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Русија соопшти дека со офанзивата во Украина сака да ја „денацифицира“ земјата, а Кремљ го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски и властите во Кијив за соработка со ултранационалистичките сили. Одлуката доаѓа по серијата порази кои руската армија ги претрпе во Украина, па во последните месеци мораше да се повлече од регионот Харкив на североисток и од градот Херсон на југ.

Руската армија вчера мораше да ги признае загубите во Макијивка во источна Украина, каде загинаа најмалку 63 војници во напад на украинските сили. Русија веќе усвои низа закони кои го контролираат јавниот говор во врска со таканаречената „специјална воена операција“, како што го нарекува конфликт. Според овој закон, најстрого се казнува секој што ќе објави информации за вооружените сили за кои судството смета дека се лажни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.