Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на руската влада, Централната банка на Русија и на „Гаспром“ да спроведат мерки за промена на валутата за плаќање на гас до 31 март.
Ова се однесува на сите земји кои преземаат непријателски дејствија против Москва, а информацијата ја соопшти прес-службата на Кремљ.
Владата на Руската Федерација, заедно со Централната банка на Русија и јавното акционерско друштво „Гаспром“, треба да спроведат сет мерки за промена на валутата на плаќање за испорака на природен гас во земјите на ЕУ и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки против Руски државјани и руски правни лица, во руски рубљи. Извештајот е доставен на 31 март 2022 година, а потоа – месечно, се вели во соопштението.
Како што беше прецизирано, Владата треба да ја одобри директивата за измена на постоечките договори на „Гаспром“ за испорака на гас во сегментот на промена на валутата на плаќање во руската рубља. Според списокот на инструкции, тоа е неопходно да се направи до 31 март, „притоа задржувајќи го обемот на понудата, цените и принципот на формирање цени утврдени со договори“, пренесува „Спутник“.
Путин минатата недела донесе одлука дека непријателските земји во иднина гасот ќе го плаќаат во рубљи. Рускиот лидер му нареди на „Гаспром“ да ги префрли договорите во рубљата. Тој рече дека Русија ќе продолжи да испорачува гас во согласност со договорените количини и цени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.