Монтирана била снимката која утринава се појави на Телеграм, каде рускиот претседател Владимир Путин присуствува на полноќната литургија за Велигден во храмот Христос Спасител во Москва. Вака барем сугерираат две видеа кои почнаа да се шират по социјалните мрежи. Нивната автентичност уште не е потврдена, но тие добиваат на популарност.
Во првото видео се гледа Путин во празна катедрала, иако во долниот десен агол уште има луѓе. Се шпекулира дека ова видео подоцна било монтирано за да биде прикажана полна сала. Причината за ова корисниците на Твитер ја гледаат во фактот дека Путин се плаши да излегува во јавност откако почнала војната.
This pathetic dictator doesn’t even have a body-double for public events…. pic.twitter.com/DJpClbbu9q
— Igor Sushko (@igorsushko) April 24, 2022
На другата снимка, која масовно се споделува, Путин стои пред фреската во катедралата, држи свеќа и си ја гризе усната. До него се гледа круна. Потоа следи снимка од свештеници, а зад нив е дел од фреската со круната, но не и Путин. Потоа следи снимка на која Путин стои покрај круната.
🧵 RUSSIAN PROPAGANDA FAKE: Easter on Russian State TV. Putin was too much of a coward to be present in the church during the actual event. Pre-recorded footage of him added in, and quite poorly. He is missing next to the painting of a crown on a red table on the wall. pic.twitter.com/udLKxKeuov
— Igor Sushko (@igorsushko) April 24, 2022
Твитерџиите шпекулираат и дека бојата на неговата вратоврска е различна на спорните снимки и фотографии на Путин кои беа објавени – црна е на снимките, додека на фотографиите и кадрите на кои е тој, е црвена.
И во двете снимки, до Путин стои градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.