Русија ќе гради нов град на во Геническиот регион на областа Херсон на Арабатскиот Полуостров, за телевизијата „Русија 24“ соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот Владимир Саљдо.

Претседателот (на Русија, Владимир Путин) гледа кон иднината, кон мирна иднина. Тој предложи да се изгради мал град во регионот Гениче, на полуостровот Арабат. Има одлични природни услови, има железнички и патен сообраќај. Местото е многу привлечно“, изјави Саљдо.

По налог на претседателот веќе се изведуваат градежни зафати.

На локацијата ќе бидат изградени нови станбени блокови со сета потребна социјална инфраструктура, како училишта и градинки. Исто така ќе бидат создадени услови за работа и на надлежните органи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.