Рускиот претседател Владимир Путин на 21 февруари ќе одржи говор за состојбата на нацијата, соопшти денеска Кремљ.
Обраќањето на Путин ќе биде три дена пред првата годишнина од почетокот на руската воена офанзива во Украина.
„На 21 февруари претседателот на Руската Федерација ќе се обрати пред Федералното собрание (кое ги обединува двата дома на рускиот Парламент)“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека говорот ќе се однесува на „актуелната ситуација“, особено на руската офанзива во Украина и на економската ситуација во земјата, а ќе се одржи во Конгресната палата во близина на Црвениот плоштад.
Песков рече дека списокот на оние кои ќе бидат поканети, покрај пратениците, сè уште се подготвува и дека Кремљ сè уште не одлучил дали ќе акредитира странски новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.