Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган да ја посети Турција, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата Анадолија.
Состанокот ќе се одржи штом ситуацијата со пандемијата и распоредите на двајцата лидери ќе го дозволат тоа, појасни Песков за новинарите на дневниот брифинг во Москва.
Тој додаде дека поради пандемијата од коронавирус имало „одредена пауза“ во одржувањето на состаноците на меѓувладината комисија и Советот за соработка на високо ниво, на чие чело се двајцата претседатели.
Песков соопшти дека на оваа тема се разговарало неколку пати во неодамнешните контакти на двајцата лидери. Ердоган кажал дека е подготвен да биде домаќин на сите овие настани во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.