Рускиот претседател Владимир Путин реагираше на изјавата на неговиот американски колега Џо Бајден, кој го нарече „луд кучкин син“.

Путин изјави дека изјавата на Бајден покажува зошто Кремљ верува дека за Русија Бајден би бил подобар американски претседател од Доналд Трамп.

Сепак, тој истакна дека изјавата на Бајден за него била груба.

Подготвени сме да работиме со секој претседател. Но, јас верувам дека за нас Бајден е попосакуван претседател за Русија, и судејќи според она што тој го кажа, јас сум апсолутно во право.

Бајден не може да ми каже „Волоѓа (прекар за Владимир), ти благодарам, браво, многу ми помогна“. Ме прашавте што е подобро за нас. Тоа го кажав тогаш и сè уште го мислам, Бајден – саркастично рече Путин на државната телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.