Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон за суспензија на поедноставеното издавање визи за граѓаните на повеќето европски земји.
Законот предвидува суспензија на визното олеснување за неколку категории граѓани на ЕУ, Данска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, вклучително и новинари и официјални делегации.
Со Законот се воведува визен режим за носители на дипломатски пасоши, а се укинуваат и визните привилегии за членовите на официјалните делегации, националните и регионалните влади и парламенти, уставните и врховните судови, како и за новинари.
Москва претходно ја најави оваа мерка како одговор на дејствијата на, како што се наведува, „непријателските земји“. Русија ги означува како непријателски државите кои и воведоа санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.