Кина е подготвена да ја продолжи меѓусебната поддршка и соработка со Русија кога станува збор за прашањата од суверенитетот и безбедноста, изјави кинескиот претседател, Си Џјинпинг.

Тој денеска оствари телефонски разговор со рускиот претседател, Владимир Путин.

Без оглед на глобалните промени во светот, кинеско-руските односи сè уште имаат добра развојна динамика“, рекол Си, а пренесе кинеската државна телевизија.

Според него, Кина е подготвена да соработува со Русија за да обезбеди стабилен развој на билатералната деловна соработка.

Се огласи и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој потврди дека Путин и Шји разговарале, иако не коментираше детали од разговорот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.