Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор се договориле следната рунда разговори меѓу руската и украинската делегација да биде организирана во Истанбул.
Од кабинетот на Ердоган соопштија дека турскиот претседател на својот руски колега му кажал дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот и подобри хуманитарни услови.
Ердоган укажа на важноста од прекин на огнот меѓу Русија и Украина, спроведувањето на мирот и подобрувањето на хуманитарните услови во регионот – соопштија од кабинетот на Ердоган.
Претходно, украинскиот преговарач Давид Аракамија соопшти дека Киев и Москва утре ќе ги продолжат разговорите во Турција. Според него, преговорите ќе се водат во Турција од 28 до 30 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.