Претседателот на Русија, Владимир Путин, најави дека на почетокот на јули на регионален состанок во во главниот град на Казахстан, Астана, ќе се сретне со турскиот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган.
Путин, на средба со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, порача дека очекува да биде во главниот град на Казахстан на 3 или 4 јули и дека се надева дека тогаш со Ердоган ќе разговара за актуелните прашања.
Путин побарал од Фидан да му ги пренесе поздравите на турскиот лидер и предложил да ги продолжат разговорите во Астана за заедничката борба против тероризмот и нормализацијата на ситуацијата во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.