жПретседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско–економските врски, соопшти Кремљ.

„Согласно со договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско-економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда.

Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.