Рускиот претседател Владимир Путин и честиташе на руската армија за заземањето на Авдијивка, велејќи дека станува збор за важна победа, соопшти синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во Кремљ Владимир Путин го слушаше извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу за заземањето на Авдијивка. Претседателот и честиташе на нашата армија и на борците за важната победа, рече Песков.
Шојгу претходно му достави извештај на Путин во кој наведува дека руската армија целосно ја презела контролата над Авдијивка, додавајќи дека операцијата ја извршила воената група „Центар“ под команда на Андреј Мордвичев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.